Најбогатиот Бугарин падна во рацете на српската полиција

Цветан Василев познатиот бугарски бизнисмен, по кој Бугарија има распишано меѓународна потерница за апсење, денес и се предал на српската полиција во Белград, објави интернет изданието на белградскиот весник "Блиц".

Василев дошол во придружба со неговиот адвокат во една од белградските полициски станици , од каде се очекува да биде известен кој би требало да му ја одреди мерката притвор врз основа на меѓународната потерница.

Василе осмничен поради сомнителни активности, кои доведоа до  една од најголемите кризи во земјата. Поради стравување дека ке биде уапсен, Василев на 28  јули побегна од Бугарија, по што судот му го заплени целиот негов имот.

Според БТА Василев пристигнал вчера во Србија. Василев важи за најбогат Бугарин и е мнозински сопственик  на "Корпоративната трговска банка“, врз која во јуни годинава контрола презеде бугарската држава. Од тогаш се запрени сите трансакции на банката и се блокирани сите нејзини сметки на кои имало над 3,7 милијарди долари.

16.09.2014 - 16:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега