Конфликтот во Сирија се претвара во вистинско „лудило“

Зголемувањето на злосторствата извршени од џихадистите и владините сили во Сирија, го претвораат конфликтот во оваа земја во вистинско „лудило“, изјави денеска раководителот на Истражната комисија на ОН за Сирија, Пауло Пињеиро.

- Немам зборови за да ја опишам тежината на злосторствата извршени во Сирија, изјави Пињеиро во обраќањето пред Советот за човекови права на ОН.

Како што јави ДПА, Пињеиро обвини дека во последниве два месеци припадниците на џихадистичката група Исламска држава убиле голем број цивили и војници.

Комисијата утврдила дека во реоните под контрола на сунитската екстремистичка организација на жените им се забранува учество во јавниот живот и доколку не се придржуваат до конзервативните исламски правила се соочуваат со опасност од казнување и смрт. 

- Џихадистите смислено ги изложуваат децата на насиство, принудувајќи ги да присуствуваат на егзекуции, изложувајќи ги на својата идеологија и искористувајќи ги како борци, изјави Пињеиро. 

Тој ги обвини и силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад дека убиле или раниле голем број цивили и изнесе повеќе примери на лица кои исчезнале во реоните под контрола на сириската армија.

- Не преземањето никакви мерки им овозможува на завојуваните страни да минат неказнето и го поттикнува насилството во Сирија. Поради неуспехот да биде постигнат мир, Сирија се повеќе тоне во војна, која се проширува и во Либан и Ирак и го загрозива целиот регион и не само него, порача Пињеиро.

16.09.2014 - 16:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега