Министерство за здравство: Инсулинска криза нема и нема да има!

Ниту еден пациент со дијабетес, ниту беше оставен, ниту е оставен, ниту ќе биде оставен без потребната инсулинска терапија. Министерстсвото за здравство одговорно тврди дека инсулинска криза нема, немало и нема да има!

-За сите пациенти со дијабетес мелитус во РМ има обезбедено континуирано снабдување со инсулинска терапија. Инсулинската терапија е навремено испорачана во здравствените установи и секаде ја има во доволни количества. При тоа, го задржуваме исклучително високото ниво на грижа за лицата со дијабетес и високиот удел на најсовремени инсулини во Република Македонија. Нашата земја е лидер во регионот и може да се споредува со најразвиените здравствени системи во поглед на квалитетна инсулинска терапија, реагира министерството на прес-конференција на СДСМ.

Министерството за здравство во иднина ќе продолжи континуирано да вложува во унапредување на здравствената состојба на лицата со дијабетес мелитус во Република Македонија.

Од таму ја информираат македонската јавност дека терминот “инсулинска криза“ е намерно измислен и е дел од добро смислено сценарио во кое гледаме дека и СДСМ си ја одигрува својата улога.

Министерството за здравство и понатаму ќе продолжи да работи единствено во интерес на пациентите и државата.

16.09.2014 - 16:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега