Вереницата на Навратилова со мрачно минато

Легендата на светскиот тенис, Мартина Навратилова на УС Опен во Њујорк  ја запроси својата девојка Јулија Лемигова. По запросувањето медиумите почнаа секојдневно да копаат по минатото на двете жени, но најмногу на емта беше Јулија.

Јулија Лемигова последната мисица на СССР, а втора придружничка на Мис Универзум. Но убавината не е единствен квалитет на ќерката на генералот од Црвената армија. Таа зборува пет странски јазици, а во 1991-ва кога се натпреварувала за мисица знаела само руски. Има пријатели од светот на финансиите, политиката, аристократијата и светот на модата.

На изглед мислите дека таа живе живот како од бајките но тоа не е така.

Била љубовница на Стерн кој бил оженет. Кога се развел, таа очекувала да ја побара за жена, па забременила. Тука почнале проблемите. Тој не верувал дека детето е негово, најмил луѓе кои постојано ја следеле. Ова не престанало до 1999-та кога таа го роди Максимилијан, чиј татко не вереувал дека е негово дете.

Малото момче почина на 5 ипол месечна возраст. Обдукцијата ги шокираше сите. Момчето починало од внатрешни повреди.  Во првиот извештај не пишувало, но во крвта на детето имало траги од дијазепам антидепресиви кои се фатални за деца. Никој ништо не можел да докаже, а дадилката исчезнала.  

Јулија се сомневаше дека по наредба на Стерн, детето било убиено од дадилката.

Таа потоа отвори луксузен спа-салон во Париз. Живеела луксузен живот, бизнисот и одел од рака и многу се збогатила.

Сакала да го среди својот живот, но ја потресе уште една трагедија. Во 2005-та година Стерн беше пронајден мртов, убиен е со 4 куршуми.

 

16.09.2014 - 16:07


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега