Исчистени каналите за наводнување во Ѓорче Петров
Заврши чистењето на каналите за наводнување и одводнување во општината Ѓорче Петров, во должина од 6.000 метри. Со овој проект, информираат од општината, опфатени се населените места Орман, Волково, Ново село и Стопански двор.
Чистењето на каналите треба да овозможи непречено собирање и испуштање на подземните и површинските води и водите што надоаѓаат од делот на заобиколницата која поминува низ општината.
Воедно, треба да овозможи доведување вода за наводнување на обработливите земјоделски површини кои се наоѓаат во атарите на споменатите населби. Средствата за чистењето на каналите се обезбедени од буџетот на Општината Ѓорче Петров.