Земјотрес од 6 степени ги стресе Соломонските острови
Земјотрес со јачина од 6,1 степен ги погоди денеска Соломонските острови, а епицентарот на земјотресот бил на островите Санта Круз, на длабочина од 64 километри.
Засега нема податоци за евенуални жртви, ниту за предизвикана материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.