Регионална обука „Имплементација на Меѓународното хуманитарно право при современи предизвици на НАТО операции“

Денеска во Скопје стартува дводневна регионална обука на тема „Имплементација на Меѓународното хуманитарно право при современи предизвици на НАТО операции“. Обуката ќе ја отвори државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски.

На работилницата ќе учествуваат претставници од министерствата за одбрана, за надворешни и за внатрешни работи, АРМ, Агенцијата за разузнавање, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, како и од министерствата за одбрана на Хрватска, Албанија и Косово.

Присутните ќе имаат можност преку дискусии и панели, да разменат идеи, мислења и информации поврзани со повеќе теми, како адаптирањето на новите безбедносни предизвици, значењето на меѓународното хуманитарно право, неговото аплицирање за време на процесите за донесување одлуки во операциите предводени од Алијансата, против-терористичките операции и меѓународното хуманитарно право и сл. 

најчитано сега