Иванов на спортско-културна манифестација во Кавадарци

 

Денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов како покровител на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)“, ќе присуствува на спортско-културната манифестација која ќе се одржи во општина Кавадарци.

Проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)“ има за цел промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.

Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи -Геостратешки институт „Глобал“, во партнерство со општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце. 

најчитано сега