Трагедија: Татко и неговиот 5 годишен син прегрнати заминаа во смрт

 

Татко и син прегрнати заминале во смрт. Трагична приказна пренесуваат српските медиуми, откако вчера по полноќ, 46 годишен маж и неговото 5 годишно дете биле прегазени од автомобил на патот Краљево - Крагујевац во Србија. Како што пишува српски Блиц, 46 годишниот Раде Ќировиќ и неговиот 5 годишен син Миле излегле од една сала за прослави каде што нивниот сосед славел роденден за својот син. Се движеле прегрнати по патот кога на нив налетал автомобил и ги усмртил на лице место.
Целото место е во шок. Нема информации со колкава брзина возел 29 годишниот возач со своето Ауди, но мештаните за српските медиуми велат дека на тој пат, иако брзината е ограничена на 80 километри на час, се вози многу побрзо, бидејќи патот е прав.

16.09.2014 - 10:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега