Босанката која избега од дома загина во џихадот во Сирија
Како што пренесуваат австриските медиуми, дека една од босанските ученички, кои на 10. април избегале во Сирија и се земале за терористи, загинале во конфликтите во оваа земја.
„Сега за сега се уште не можеме со сигурност да потврдиме колку ученички го загубиле животот, но родителите на една од нив добиле информации дека детето им загинало“, изјавил потпаролот на Министерството за внатрешни работи.
На медиумите не им е соопштено дали се работи за 16- годишната Самра Кешиновиќ или 15- годишната Сабина Селимовиќ. За потсетување, Самра Кешиновиќ и Сабина Селимовиќ побегнале на 10-ти април од родителските домови и од Виена најпрво се упатиле во турскиот град Адана на граница со Сирија. Од таму ја поминале границата и влегле во Сирија каде што им се приклучиле на џихадистите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа