Верата ги раздели Тамара и Бертан

Тамара Тодевска и Бертан Аслани веќе извесно време не се во љубов. Нивната врска не го издржа притисокот на околината поради различната верска припадност, според нивни заеднички пријатели, двојката одлучила да се откаже од борбата за триумф на љубовта и чувствата ги ставиле во втор план, пишува Вечер

Композиторот и пејач Бертан веќе неколку месеци е во Истанбул и работи на албумот кој треба да го промовира на турскиот пазар, додека пак Тамара веќе заврши со снимањето на новиот спот чија премиера се очекува наскоро.

Двојката моментално е фокусирана на кариерата, а некогашните гулапчиња до толку ги заостриле односите што дури се избришале и од Фејсбук, па повеќе не се ниту виртуелни пријатели. Заедничките фотографии исто така им се отстранети од профилите, а нивните пријатели, меѓу другото тврдат дека нивната љубовна сага нема да има продолжение.

Парот кој е познат во јавноста по бурните раскинувања и смирувања најверојатно решил да крене раце од љубовта, а дали ова е конечна одлука или, пак, повторно се само на привремена пауза, останува да видиме.

најчитано сега