Папата одби да се сретне со Хашим Тачи

Папата Франциск го одбил барањето на косовскиот премиер во оставка, Хашим Тачи за средба, пренесува приштинскиот весник „ Експрес“.

Како што пишува весникот, Тачи побарал да биде на листата со официјалните преставници со кои ќе се сретне папата за време на неговата посета во Албанија, но Ватикан не го прифати барањето.

Поглаварот на римокатоличката црква треба на 21 септември да ја посети ПАлбанија.

15.09.2014 - 15:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега