Ван Гал очекува да ја освои титулата во Англија оваа или наредната сезона

Тренерот на Манчестер Јунајтед Луј ван Гал рече дека неговата екипа поседува квалитет за највисок пласман и најави враќање на трофејот од Премиер лигата на „Олд Трафорд“.

- Ќе ја освоиме Премиер лигата. Во ред, ако не оваа, тогаш следната сезона. Сакам да ги израдуваме нашите навивачи. Иако лошо ја почнавме сезонава, имаме квалитет да се искачиме на врвот, изјави за Би-Би-Си холандскиот стручњак.

Манчестер Јунајтед вчера ја забележа првата победа во новата сезона, против Квинс Парк Ренџерс триумфира со 4:0.

По четири одиграни кола во најсилната Англиска фудбалска лига Манчестер Јунајтед со 5 бодови е на 9.место и има седум бодови помалку од лидерот Челзи. 

15.09.2014 - 13:39


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега