Повеќе од 160 имигранти се удавија крај Либија

 

Најмалку 160 илегални имигранти од Африка се удавиле вчера крај либискиот брег, откако нивниот брод се превртел, соопшти претставник на либиската флота.

Триесет и шест лица, меѓу кои три жени биле спасени од флотата. Се претпоставува дека на бродот имало најмалку 200 имигранти.

Сигнал за бродоломот до либиската военопоморска флота го дале рибари, кои наишле на десетици тела на давеници во водата на десет милји од западниот крајбрежен град Таџура.

Либија е една од транзитните земји по патот на илегалните африкански имигранти кон Европа. 

15.09.2014 - 12:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега