Македонска делегација во посета на Правосудната академија на Турција
Делегација од Република Македонија составена од претставници на слушателите на Пограмата на почетна обука од петтата генерација во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и претставници на Академијата, предводени од директорот на Академијата Анета Арнаудовска престојуваат во официјална посета на Правосудната академија на Република Турција.
Посетата е резултат на Меморандумот за соработка склучен помеѓу двете академии во 2011 година кој предвидена размена на искуства, на едукатори и ментори, како и усовршување на наставните техники. Целта е слушателите на програмата за почетна обука да се запознаат со правосудниот систем на Република Турција, но најмногу од се да се запознаат со работата и организацијата на Правосудната академија на Република Турција.
Согласно Агендата што ја подготви Правосудната академија на Турција, претставниците од Македонија ќе посетат повеќе релевантни правосудни инсититуции - Уставниот суд, Советот на судиите и јавни обвинители на Република Турција, Врховен суд, Управен суд, Синџан судот, Судот на Анкара и Големото национално собрание на Република Турција, пришто на работни средби со судиите и обвинителите на Република Турција ќе разменат компаративни искуства за правосудните системи на двете земји.
За претставниците на Академијата од посебен интерес ќе бидат и наставните техники кои ги користи Академијата на Република Турција во спроведувањето на Програмата за почетна обука и начинот на влез на идните судии и обвинители во правосудната професија, како и нивните достигнувања на планот на компјутерската технологија, бидејќи Република Турција бележи значителен напреднок во процесот на комјутеризацијата на судството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа