Папата Франциск венча 20 двојки во базиликата „Свети Петар“

 

Папата Франциск денеска во базиликата „Свети Петар“ во Рим одржа групна венчавка на која во брак стапија 20 двојки, меѓу кои и такви кои повеќе години живеат заедно невенчани и имаат дури и деца.  

При венчавката папата порача дека семејствата претставуваат „тули што го градат општетсвото“ и дека бракот е „вистински живот, а не телевизиско шоу“. 

Меѓу оние кои се венчаа денеска се и Габриела и Гвидо кои со години живеat заедно и имаат и деца и кои сметале дека во такви околности никогаш не ќе можат да склучат црковен брак. За Католичката црква сексот пред брак е грев, но папата Франциск порача дека „Црквата простува“.

Ова е прва венчавка во Ватикан по 2000. година, кога тогашниот понтиф, Јован Павле Втори венча една двојка во базиликата „Свети Петар“. 

14.09.2014 - 13:53


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега