Полицијата уапси позната актерка мислејќи дека е проститутка

Актерката Даниел Ватс била приведена од полицијата бидејќи со нејзиниот сопруг Брајан разменувале нежности на улица. Полицајците мислеле дека е проститутка, не поради стајлингот туку поради тоа што се бакнувала со бел маж.

Даниел е најпозната по улогата на Коко во филмскиот хит на Квентин Тарантино "Џанго разузданиот". 

- И ставија лисици и грубо ја турнаа во полициското возило, а додека и ги ставаа лисиците и предизвикаа исекотина на зглобот. Изгледа дека од белец и згодна црнкиња помислија дека сме клиент и проститутка, напишал на Фејсбук профилот разгневениот сопруг на актерката.

Актерката била толку понижена за време на апсењето што дури се расплакала.

- Се сеќавам колку пати мојот татко се враќаше бесен бидејќи претрпел слично понижување. Плачев поради државата која себе си се нарекува „земја на слободните“, а потоа ги приведуваат луѓето само затоа што си ги користат своите права, истакнала актерката.

Инцидентот со актерката се случил во Лос Анџелес, но тамошната полиција тврди дека не постои записник за тоа, бидејќи таа не била уапсена.

 

 

 

14.09.2014 - 13:13


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега