Реставрирана црквата „Св.Никола“ во битолско

 

Заврши санацијата, реставрацијата и конзервацијата на архитектурата на манастирската црква, „Св.Никола“ во село Чагор, Битола, проект од Програмата на Министерството за култура.

Како што соопшти Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола работеа во повеќе фази, при што извршено е конструктивно консолидирање на ѕидовите и нивна делумна реконструкција, дренажа, како и реконструкција на покривот и сводот на црквата. Согласно проектот извршена е и конзервација на подот и санација на прозорците и вратата на тремот на црквата.

- Со заштитата на архитектурата на малата еднокорабна црква Св. Никола во село Чагор, која е значаен споменик на културата од 16 и 17 век, во иднина ќе се овозможи интервенција и на сочуваниот фрескоживопис, кој потекнува од 30-тите години на 17-ти век, се вели во соопштението.

14.09.2014 - 12:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега