"Полиција помагајте! - ме силува сосетката"
26 - годишната Шанте Гилман заработи пријава за силување на својот сосед. Тој спиел во својот стан после бурна ноќ, кога кај него упаднала девојката.
-Штом пристигнал дома, заспал. Се разбудил во два часот по полноќ и врз себе ја видел 170 сантиметри високата и 108 килограми тешката Шанте Гилман, а во неа бил неговиот еректиран полов орган, стои во полицискиот извештај.
Таа ги игнорирала неговите молби да се тргне од него, но сепак мажот некако успеал да се извлече и да ја избрка од својот стан. Тој потоа отишол во болница да го прегледаат како жртва на сексуален напад.
Засега не е јасно како неговата сосетка, која веќе има полициско досие за обид за кражба и кражба на автомобили, влегла во неговиот стан.
На полициското испитување Шанте рекла дека не се сеќава ама баш на ништо, бидејќи патела од душевна болест и имала биполарно пореметување.
Во болницата направиле анализа и ги споредиле трагите од ДНК-а и било утврдено дека меѓу нив навистина имало сексуален однос.
Поради тоа Шанте е обвинета за силување и напад на жртва која не била во состојба да се согласи на сексуален однос бидејќи била физички беспомошна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа