Жерард Депардје пие од 12 до 14 шишиња алкохол дневно

 

Познатиот француски актер Жерар Депардје призна дека може да испие и по 12 до 14 шишиња алкохол во еден ден.

- Од како почнав да пијам не пијам како сите нормални луѓе. Можам да испијам 12, 13, 14 шишиња на ден, вели Депардје во интервју за списанието „Соу Филм“.

Тој вели дека почнува да пие околу 10 часот и тоа шампањ или црвено вино, а потоа продолжува со ликер од ананас. За време на ручекот испива по две шишиња вино, а попладнето продолжува со шампањско, пиво и ликер. Вечерите се предвидени за шишиња жесток алкохол како водка или виски.

Депардје (65) признава дека би требало да се воздржува од алкохол поради некои здравствени проблеми, но нагласува дека „што и да биде тој нема да умре, бидејќи е полн со енергија“.

14.09.2014 - 11:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега