Зоо Скопје - пример во регионот според бугарската државна телевизија (ВИДЕО)

 

ЗОО градините во Скопје и Софија беа предмет на опсервација на повеќе бугарски аналитичари на државната телевизија во Бугарија, при што софиските колеги ја посочија скопската Зоолошка градина како пример за регионот.

Според нивната анализа, животните во Зоолошката градина во Скопје се спокојни поради условите кои ги имаат.

-Разликите не се многу големи, но се суштински. Животните во Македонската Зоолошка се спокојни поради просторот во кој живееат, зеленилото со кое се опкружени, слободата која ја чувствуваат, смета новинарката Ирина Григорова.

Видеото погледнете го ТУКА.

 

14.09.2014 - 10:44


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега