УХМР измери: Еве колку дожд падна во Скопје

Вкупно 28 л/м2 воден талог дожд паднаа во скопската котлина во невремето што се случи поладне, а брзината на ветерот на моменти достигнувала и до 80 км/ч, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

- Скопската котлина по 15ч. беше зафатена со невреме, проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град со променлив интензитет. За кратко време (за помалку од два часа), на мерната станица Зајчев Рид се регистрирани 28 л/м2 воден талог, а ветерот на моменти достигнуваше брзина од 80 км/ч, се вели во соопштението од УХМР.

Според последните податоци од 17 часот, на другите метеоролошки станици од земјава измерени се незначителни количини на врнежи.

13.09.2014 - 20:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега