Со новиот тендер за набавка на инсулин ќе се заштедат 150 милиони денари

Во Македонија има инсулин. Се очекува со новиот тендер за набавка на овој лек да се заштедат до 150 милиони денари, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров на промоцијата на прокетот „Ало докторе“.

- Министерството за здравство објави тендер за набавка на инсулин на кој ќе конкурираат фирми кои ги носат најскапите инсулини. Нема да дозволиме поделба на пазарот меѓу фирми. Со новиот тендер ќе овозможиме фирмите да конкурираат една со друга, а таа што ќе понуди најниска цена да го добие тендерот. Очекуваме дека на тој начин ќе се направи заштеда од 100 до 150 милиони денари. Тоа се средства што ќе останат  во здравствениот буџет и ќе бидат наменети за здрвствени проекти, а не да завршуваат во нечии џебови, истакна Тодоров.

Постојано има силна ПР кампања, рече министерот Тодоров, од компании кои сакаат да си ја зачуваат монополската положба на пазарот.

- Верувајте дека тука не станува збор за грижа за пациентите, туку за грижа за сопствен бизнис. Ние сакаме да направиме да имаме сериозна грижа за пациентите, а не да дозволиме некој на грбот на пациентите неосновано да се богати, рече Тодоров. 

13.09.2014 - 15:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега