ВИДЕО: Ова е најчудниот кош на кошаркарскиот Мундијал во Шпанија

Кошаркарската репрезентација на Србија се пласираше во финалето на СП во Шпанија. „Орлите“ во полуфиналето ја совладаа Франција со 90-85 и во големото финале ги очекува дуелот со САД. 

Избраниците на селекторот Александар Џорџевиќ пружија уште една фантастична партија во која ја воодушевија цела планета. 

Српскиот центар Мирослав Радуљиќ дефинитивно имаше своја вечер. Тој во првото полувреме имаше фантастично закуцување, за да во последната четвртина постигне неверојатен кош.

Богдан Богдановиќ се обиде да го проигра Радуљиќ, но фантастичниот цетар не го прифати баскетот под кош туку со десната рака успеа да го закачи.

Но, и тоа беше доволно за нов поен за „Орлите“ и водство од 65:57.

Што да се каже друго освен дека среќата ги праќа храбрите.

13.09.2014 - 13:29


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега