ФОТО: Познатата актерка се збогува со Холивуд
Елен Помпео, која славата ја стекна со серијата "Вовед во анатомија" планира да стави крај на кариерата по завршувањето на серијата.
Таа моментално ја снима 11 - та сезона од серијата и смета дека ова за неа е врв во кариерата и затоа не би ризикувала со други проекти.
- Немам голема желба да глумам после оваа серија. Чувствувам дека се исполнив себеси глумејќи во серијата и не сакам да работам за други луѓе, изјавилa Помпео.
Таа смета дека нема потреба да се докажува повеќе во актерството.
- Кога е во прашање глумата сметам дека не треба никому ништо да докажувам. “Вовед во анатомија” се прикажува во повеќе од 97 земји веќе 10 години, после тоа немам што повеќе да докажувам, додава Помпео.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа