Руското Министерство за вонредни состојби испрати хуманитарна помош во Луганск

 

 

Конвој од околу 70 камиони на руското Министерство за вонредни состојби со хуманитарна помош пристигна во Луганск, јави ИТАР-ТАСС.

Започнaло растоварување на камионите кои пренесуваат шеќер, зрнеста храна и други производи.

Немало пречки за време на движењето на колоната. По патот ја спроведувале борци на самопрогласенара Луганска народна република.

При влегувањето на колоната во градот жителите ја поздравувале, а многумина и плачеле.

13.09.2014 - 10:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега