Цел свет ја критикува оваа фотографија - еве зошто

 

Средно училиште во Ново Мексико ги збуни сите со објавата на алманахот кој содржи топлес фотографии од ученик и ученичка. Учениците неодамна го добија изданието за 2014. година во кое се наоѓаат спорните фотографии на парот кој топлес позира позади дрво. На истата страница има цитат за тоа колку е важно да се има самодоверба и да се забавуваш.

Заменик - директорот  изјави дека целта на учениците бил хумор, но него не го согледаа сите што го погледнаа алманахот.

Учениците кои го правеле алманахот инспирација за креирање на фотографиите што вклучуваат нудизам добиле откако виделе нешто слично на интернет.  

Конечниот потпис на производот го ставил наставникот кој бил задолжен за надзор. Во иднина алманасите пред издавањето ќе ги надгледува дополнителен пар очи, одлучи училиштето.

Освен родителите, ни сите ученици не биле задоволни од фотографиите кои ги сметаат за невкусни.

 

13.09.2014 - 10:30


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега