Русија ќе воведе контрасанкции кон САД
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва набрзо ќе преземе соодветни мерки по повод последната рунда санкции на САД, кои ги оцени како „непријателски чекор“, јави ИТАР-ТАСС.
- Го оценуваме воведувањето од страна на Вашингтон на нови антируски санкции како уште еден непријателски чекор преземен од американската администрација, соопшти руското МНР.
Во документот се додава дека „жонглирањето со санкции“ нема да ја принуди Русија да ја промени принципиелната позиција.
- Нема да дејствуваме за да им угодиме на политичките амбиции на САД и на намерите на прекуокеанските политичари, кои се стремат да ја искористат Украина во интерес на попречување на Русија, додава Министерството.
Министерството наведува дека претстојните контрасанкции се „принудна мерка, но Москва ја остава отворена вратата за конструктивна и чесна соработка“, вклучително и за украинската криза, ако Вашингтон е подготвен на тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа