Пристигнува Талија - силно невреме во Македонија
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Во вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 31 степен.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а доцна попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Врнежливото и нестабилно време ќе продолжи до вторник.
Во недела и во понеделник локало процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и со силни електрични празнења. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри дожд на метар квадратен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа