Вработете се во Централниот регистар - плата 34.000 денари
Врз основа на член 22 од Законот за работните односи („Службен весник на Р. Македонија” број 34/2014 пречистен текст и 113/2014) и член 24 став 1 точка 2 од Статутот на Централниот регистар на Република Македонија, директорот на Централниот регистар на Република Македонија на 10.09.2014 година, донесЈАВЕН ОГЛАС Централен регистар на Република Македонија има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со 1 (еден) работник и тоа со:
1 (еден) работник со VII/1 степен ВСП, на работно место самостоен стручен соработник, со најмалку 1 (една) година работно искуство и работа на компјутер
- Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата).
- Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот.
- Основната плата за работното место изнесува 34.832,00 денари.
Сите кандидати греба да ги достават следните документи:
- Молба со кратка биографија;
- Копија од лична карта;
- Уверение (Диплома) за завршено образование;
- Уверение (Диплома) за познавање на работа на компјутер
- Доказ за работно искуство.
Заинтересираните кандидати, молбата заедно со доказите за исполнување на условите по овој оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1, телефон за контакт 3 288 100, лице за контакт Андријана Анастасовска Китанова или по пошта.
Централниот регистар на Република Македонија изборот ќе го изврши во рок до 45 (четириесет и пет) работни дена по истекот на рокот за пријавување, а доколку има повеќе од 200 пријавени изборот ќе се изврши согласно законски утврдените рокови.
Некомплетните и неблаговремено поднесените молби нема да се разгледуваат.
Централен регистар на Република Македонија
Краен рок за пријавување: 17.09.2014
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа