ФОТО: Ахмети се сретна со амбасадорот на Шведска во Македонија
Денес во Шведската Амбасада во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, се сретна со Торнјорн Сохлстром од Шведското Министерство за Надворешни Работи и со Амбасадорот на Шведска во Македонија, г. Ларс Вахлунд.
Сохлстром го потсети Претседателот Ахмети на нивната прва средба пред 11 години во Скопје и истакна дека за него, Претседателот Ахмети ‘е еден од најголемите Европјани на Балканот’ поради неговите поилитички определби и активности. Г. Сохлстром ја повтори поддршката на Шведска за ЕвроАтлантските интегративни процеси на Македонија, но истовремено изрази загриженост пред самитот на Европската Унија на 27 и 28 Јуни годинава.
Претседателот Ахмети со носталгија се наврати на првите години од имплементацијата на Охридскиот Договор кој што ги отвори вратите за мир, стабилност и сигурност во земјава, но и за ЕвроАтлантската перспектива на Македонија, Сите овие големи инвестиции беа превземени од страна на локалните политички чинители и меѓународната заедница.
Претседателот Ахмети нагласи дека сите прашања кои што претставуваат загриженост за меѓународната заедница, како настаните од 24 Декември во Собранието, слободата на медиумите, реформите, итн, се значајни, но најбитното прашање за Македонија во овој период останува решавањето на спорот со името што го држи во заложништво нашето интегрирање во Брисел. Секое одлагање за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ ги продлабочува разликите помеѓу граѓаните и ја става под знак прашалник сета досегашна инвестиција.