Американскиот државен секретар и турскиот министeр за надворешни работи се сретнаа во Анкара
Американскиот државен секретар Џон Кери и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разгледуваат денеска во Анкара како Турција да учествува во коалицијата за борба со џихадистите од Исламска држава.
Двајцата министри имаат средба еден ден откако Анкара откажа да се вклучи во плановите на САД и блискоисточни држави против сунитската група.
САД бараат Турција да ja засили контролата на границите за да запре преминување на доброволци и на средства за џихадистите во Ирак и Сирија.
12.09.2014 - 16:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа