Дачиќ во дводневна посета на Македонија
Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во недела и понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Македонија и ќе оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и со собранискиот спикер Трајко Вељаноски.
Шефовите на дипломатиите на двете земји, се посочува, ќе разговараат за актуелната состојба на билатералните односи и перспективите за нивно натамошно унапредување, како и за актуелните меѓународни теми.
12.09.2014 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа