Трагедија во Дебар: Загина 3 годишно дете - го прегазил автомобил во кој немало возач

Три годишниот Б.Х од Дебар пополаднево пред 14 часот загинал во чудна сообраќајна несреќа. Како што дознава Press24 од полициски извори, 3 годишниот Бекир Хамзи додека си играл на улицата 8ми Март во Дебар, на него налетало возило марка Опел Зафира. Според информациите кои и биле соопштени на дебарската полиција, возилото сопственост на 49 годишниот П.К од Дебар самото почнало да се движи назад. Во тој момент детето било зад него по што го прегазило. Лекарите во медицинскиот центар во Охрид не можеле да сторат ништо. Од полицијата ја потврдуаат оваа информација и велат дека увидот се уште трае. Тој ќе треба да покажа во каква околности настанала смртта на детето. Сопственикот на возилото според првичните информации е приведен и се наоѓа во полициската станица во Дебар

најчитано сега