Шокантно: Најпознатиот магионичар лажел за своите трикови?

 

Хари Худини, најпознатиот магионичар на сите времиња, успеа да го воодушеви светот со разни трикови кои оставаа без зборови...

 

Тој успеваше да се спаси од ковчег фрлен во вода, успеваше да се ослободи од лудачка кошула додека беше ставен во резервоар со вода со главата надолу.

 

Худини секогаш успеваше да се спаси од навидум безизлезни ситуации и на светот му покажа дека дури и невозможното не му може ништо.

Уште како дете умеел да ја забавува мајка си сокривајќи парички по џебовите и косата, а во тинејџерските години работел во фабрика за облека, каде научил да обива брави.

Откако ги прочитал мемоарите на Роберт Худан, младиот Ерик ја напуштил работата и се приклучил на патувачки циркус, каде настапувал со сценско име Хари Худини.

Неговата челична волја го направила славен, а неговата генијалност легендарен и без оглед на тоа дали мамел со своите трикови или не, едно е сигурно - Хари Худини бил и е најголемиот магионичар кого овој свет го видел.

 

Поради неверојатната тежина на своите трикови, кај многумина јави сомнеж и го отвори прашањето- дали лажел за своите способности?

12.09.2014 - 15:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега