И се завртело па отишла на лекар а тогаш... - лекарите шокирани

 

24- годишна кинескиња неодамна посетила доктор откако почувствувала силна болка и вртење во главата. По низа прегледи докторите останале шокирани од она што го виделе. Девојката била сосема здрава и нормално развиена и покрај тоа што нема мал мозок.

Во историјата на медицината забележани се 9 вакви случаи на луѓе кои успеале да преживеат без мал мозок. Девојката им рекла на докторите дека кога била мала имала проблеми со говорењето и дека почнала да збори на шест години, а проодела на седум. Луѓето кои немаат мал мозок умираат млади па докторите останале шокирани од фактот што девојката успеала да преживее иако нејзината судбина засега е во неизвесност.

 

Малиот мозок е задолжен за рамнотежа, прецизно движење, прима податоци и ги праќа до останатиот дел од мозокот.

12.09.2014 - 14:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега