„Вибер“ воведува нова услуга

 

Мобилната апликација „Вибер“ со нова услуга. Имено со оваа услуга се овозможува спроведување на видеоразговори за верзиите за андроид и ајОС. До сега најквалитетната надградба ќе им овозможи на корисниците да воспоставуваат видео повици на нивниот смартфон, слично како во понудата на „Скајп“. Корисниците на оваа апликација ќе може да го префрлат видео повикот од смартфонот на десктоп компјутер доколку ја имате инсталирано бесплатната програма на „Вибер“.

Извршниот директор на компанијата Талмен Марко, вели дека  услугата е доволно моќна за да поддржува видеоповик дури и при најмала базна мрежна конекција, но нагласува дека при слаб сигнал не може да се очекува висок квалитет.

Верзијата „Вибер 5.0“ обезбедува и QR кодови за споделување на информации. Во случај да сакаме да размениме контакт со некого е доволно само да го скенираме кодот со нашиот телефон.

12.09.2014 - 13:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега