Русите го стегнаа вентилот: Полска, Словачка и Австрија во паника
Полска, Словачка и Австрија пријавија во четвртокот многу помал доток на руски плин, а причините за тоа уште не се познати.
Во Полска ристигнале 45 проценти помалку плин, во Австрија 15 проценти, а во Словачка 10, објавија тамошните енергетски компании.
Рускиот плински џин Газпром негира дека го намалил дотокот на плин во наведените земји.
Полска прима гас преку гасоводите од Украина и Белорусија, а Словачка и Австрија зависат од гасоводите во источна Украина.
Европската комисија, која посредува во спорот меѓу Киев и Москва околу цената и испораката на гасот, предложи нов круг тространи разговори на 20. септември во Берлин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа