Како да ја трошите својата плата рационално

 

Кога ќе добиете плата, Вашите пари треба да одат на повеќе места истовремено. Треба да се платат сметките, да се купат намирниците...

 

Остатокот би требало да биде зачуван, но секогаш на крајот на месецот останувате без зачуван денар. Доколку ова Ви се случува Вам, време е за промена.

 

Заштеда, сметки, забава! 

Запомнете го редоследот бидејќи треба да го почитувате доколку сакате да заштедите. Финансискиот блогер Џ. Д. Рот пишува дека „повеќето луѓе ги трошат парите во следниот редослед: сметки, забава, заштеда“. Ова е грешката која ја правиме.

Колку треба да се штеди? 

Во интервју за Си-Би-Ес, експертот за финансии Дејвид Беш вели дека луѓето треба да штедат еден заработен час од дневницата (приближно 12,5% од платата). Повеќето луѓе заштедуваат 4% од заработката, односно само 20 минути од дневницата. Тајната се крие на почетокот.

Како да започнете да штедите? 

Пресметајте колку може да си дозволите. Одвојте ги парите кои би ги потрошиле за сите месечни трошоци. Потоа пресметајте колку може да издвоите настрана. Наскоро, ова ќе стане лесно и самите ќе знаете колку може да штедите и дали може да ја зголемувате заштедата.

 

Не се откажувајте!

Многу луѓе одржуваат ветувања за останатите, но немаат проблем лажејќи се себеси. Не дозволувајте ова да Ви се случи Вам. Доколку пропуштите еден месец, наскоро ќе пропуштите уште еден и уште еден и ќе престанете со штедењето. Никогаш не е доцна за да започнете со штедење. Почнете сега.

 

12.09.2014 - 10:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега