ВИДЕО: Последниот танц со тато- ова ќе ве расплаче

 

Лиза Вилсон неодамна го загубила својот татко, но сепак успеала да го одигра свадбениот танц со него кој езапечатен во ова прекрасно видео.

 

Лиза и нејзиниот вереник Роберт закажале свадба неколку месеци порано, за да може нејзиниот татко да ја види омилената девојка во бел фустан и со маж покрај себе. Свадбата се одржала во болничката соба, со цел таткото да биде дел од овој возбудлив настан.

 

Прекрасната невеста споделила дека од мала и било сон да се омажи и нејзините родители да бидат дел од среќниот момент.

 

Еден сон, кој што и покрај околностите стана реалност. Видеото е поставено на интернет со наслов „Најдобриот подарок кој што една ќерка може да подари”.

12.09.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега