ВИДЕО: Баерн го понижи Хановер

 

Баерн Минхен уште еднаш покажа дека игра во голема форма. Откако во рамките од Купот на Германија пред само неколку дена го прегази Волфсбург со 6:1, денеска како гостин во рамките од 30.коло од Бундеслига со идентичен резултат го совлада Хановер.

Баерн поведе со автоголот на Стиндл во 16-та минута, Рибери во 23-та зголеми на 2:0, потоа следуваа два гола на Гомез во 40-та и 62-та и на Пизаро во 71-та и 86-та. Единствениот гол за домаќините беше дело на Хофман во 84-тата минута.

 

Бундеслига, 30. коло:

Денеска:

Баер Леверкузен - Хофенхајм 5:0

Борусија Дортмунд - Мајнц 2:0

Ајнтрахт - Шалке 1:0

Хамбургер - Фортуна 2:1

Хановер - Баерн 1:6

Вердер – Волфсбург 0:3

Недела:

Штутгарт - Фрајбург

Нирнберг - Гројтер Фирт

Петок:
Борусија Менхенгледбах - Аугсбург 1:0

најчитано сега