Внимавајте каде паркирате: Пајакот направи „парче"

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 21 возач не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 13 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 27 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 79 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

12.09.2014 - 09:46
Фото: 
пулс24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега