Тропската бура Едвард се формираше во Атлантскиот океан

 

Тропската бура Едвард се формира во источниот дел на Атлантскиот Океан и се очекува таа да остане во океанот. 

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека петтата тропска бура во оваа сезона на урагани во Атлантскиот Океан е проследена со ветрови со брзина од 65 километри на час, а нејзиното жариште е на 1.645 километри западно од Зеленортските Острови. 

Бурата се движи кон северозапад со брзина од околу 20 километри на час.

Засега не се издадени предупредувања за опасност.

12.09.2014 - 09:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега