Балканска верзија на Кардашијан: Семејството Џогани ќе снимаат реално шоу
По примерот на семејството Кардашијан, камери 24 часа 7 дена во неделата ќе го следи и семејството Џогани. Камерманите ќе ги следат Слаѓа и нејзиниот нов сопруг, нејзините ќерки Силвија и Маринела, како и Џоле и Весна со нивните деца.
Но, Џоле и Весна ќе се појават само во неколку епизоди затоа што тие биле многу зафатени околу настапите.
Џоле Џогани изјавил дека тие пред Кардашијан имале свое реално шоу во семејството
Поранешната сопруга на Џогани Слаѓа била најмногу воодушевена од овој проект.
- Одмана разговаравме за нешто вакво, но не успеавме да најдеме заеднички јазик со продукциите. Мојот сопруг во потполност го прифати фактот дека јас сум јавна личност. Навистина ми е мило што луѓето ќе видат каква жена сум јас надвор од сцената. Кај нас дома секогаш се случува нешто тука се моите ќерки, внуката, гости, ма вистински хаос е, рекла Слаѓа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа