ЦИА: Бројот на џихадисти зголемен на 20 до 30 илјади

 

Групата Исламска држава брои меѓу 20.000 и 31.500 екстремистички борци во Ирак и Сирија, соопшти американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

- ЦИА врз основа на новите безбедносни извештаи од мај до август, проценува дека Исламската држава сега брои меѓу 20.000 и 31.500 борци низ Ирак и Сирија, соопшти портпаролот на Агенцијата, Рајан Трапани.

Ова покажува дека има зголемување на ангажираните милитанти од јуни годинава и дека зголемената мобилизација се совпаѓа со воените успеси на џихадистите и прогласувањето на „Исламски Калифат“, истакна портпаролот на ЦИА. 

12.09.2014 - 09:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега