Пијани „летале" на улиците - 11 сообраќајки во Скопје
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден во Скопје изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на мотоцикли, во три полесно се повредени двајца возачи и еден пешак, а шест се само со материјална штета.
Првата сообраќајна незгода со потешки повреди се случила во 15 часот и 10 минути на крстосницата меѓу улиците „Владимир Полежански“, „Дрезденска“ и „Франк Рузвелт“ во која учествувал мотоцикл со унгарски национални ознаки, управуван од државјанин на Унгарија. Тој од непознати причини изгубил контрола врз мотоциклот, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди, додека втората незгода се случила во 18 часот и 20 минути на крстосницата меѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Коста Новаковиќ“ во која учествувале патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мопед, со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 21 возач не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 13 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 27 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа