Воз излета од шините во Хрватска- нема повредени

Патнички воз синоќа излета од шините на пругата меѓу населените места Лабин Далматински и Каштел Стари во Хрватска, соопштија „Хрватските железници“ (ХЖ).

Во соопштението се посочува дека при несреќата не е повреден ниту еден од 48-те патници во возот, што сообраќал на релација Загреб-Сплит.

Хина јави дека лекарска помош им била пружена единствено на машиновозачот и на неговиот помошник.

Според ХЖ, локомотивата на возот излетала од шините поради одрон од карпа на пругата. 

Местото на кое се случила несреќата се наоѓа на тешко достапан терен за моторни возила, па патниците по неколкучасовно чекање со друг воз го продолжиле патот кон Сплит.

12.09.2014 - 09:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега