Вујовиќ си заминува од Вардар Про?

Тренерот на Вардар Про Веселин Вујовиќ ќе се соочи со едногодишна суспензија поради тоа што учествуваше во инцидентите кои се случија на мечот меѓу Вардар Про и Металург. Дисциплинската комисија му ја изрече казната на Вујовиќ а  стратегот на Вардар Про бил пријавен и од судиската двојка за навреди и закани упатени кон нив. Вардар Про доби парична казна од 10,000 денари, а иницијаторите на инцидентот Илија Абутовиќ и Филип Маркуловски се казнети со еден меч неиграње.  

Дали Вујовиќ ќе остане на кормилото останува да се види, но се поизвесно е дека ќе си замине поради едногодишната суспензија и примамливата понуда која пристигна од Катар, од тимот Ал Кијад. Вујовиќ најави дека на крајот од сезоната ќе се состане со првиот човек на тимот Михајло Михајловски, по што ќе одлучи дали ќе ја прифати понатамошната соработка. Но новонастанатата ситуација само го доближува Вујовиќ да размислува и да се насочи на прифаќање на понудата од Катар. 

 

 

најчитано сега