Поплавите во Европа однесоа 11 животи

 Делови од Прага се уште се под вода по поплавите во кои низ Централна Европа животот го загубија 11 лица, а бранот поплави сега минува низ Германија, каде се евакуиарни над 10.000 лица.

Голем дел од метрото во Прага се уште не работи, а околу 60 улици се затворени за сообраќај, како и неколку трамвајски линии.

Според метеоролозите водостојот низ Чешка ќе почне да се намалува, но бранот поплави во следните денови ќе ги погоди Германија, Словачка и Унгарија.

Поплавите ја зафатија речиси цела Централна Европа по неколкудневните обилни врнежи, поради што голем број реки излегоа од своите речни корита. Регистрирани се 11 жртви во Чешка, Австрија, Полска и Германија.

Во поплавите во Централна Европа во 2002 година животот го загубија 17 лица. 

најчитано сега