Меркел не отстапува– Европа мора да го “стега ременот“

 

Во генералната дебата за буџетот во Бундестагот, германската канцеларка Ангела Маркел, повторно се заложи за остра финансиска дисциплина, штедење и реформи.

 

„Она што важи за Германија, исто така важи и за Европа“, изјави Меркел и додаде дека состојбата сега, како и досега, и покрај неодамнешните реформи се уште е кревка.

 

Меркел застана во одбрана на минатонеделната одлука на НАТО во однос на Русија и нагласи дека слободата на Украина мора да се обезбеди, но и потребата за преговори со Москва.

 

„Вратите за преговори се отворени и ќе останат отворени“, изјави Меркел во однос на Русија, потенцирајќи дека сите страни во овој конфликт трпат загуба поради случувањата со Украина.

11.09.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега